Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ инвестира, проектира, изведува и вселува по принцип имотен лист на рака во два нови стамбено деловни објекти.

Овие објекти ќе ги нудат сите придобивки на модерното живеење, со функционалност, квалитет и сигурност.

Становите се проектирани со висок станбен комфор и максимална искористеност на просторот.

Резиденцијален, стамбено деловен објект во центарот на градот на улица "Борка Талески"- Прилеп

04

            Новопроектираниот објект е предвиден како стамбена зграда со деловен простор во приземје. Површината на градежната парцела каде е предвиден овој објект е со површина 1157,00m2, а самиот објект во приземје зафаќа површина од 478,00m2. Спратноста на објектот е По+П+3+Подпокривен простор.

За овој објект потребни се 31 паркинг места од кои 21 се обезбедени во подземна гаража, а 4 се обезбедени на терен во градежната парцела.

            Во приземјето се предвидени 7 деловни простории, до кои се пристапува директно од пристапната улица.

            Вкупно се предвидени 24 стамбени единици на трите катови и подпокривниот простор и тоа стамбените единици се према следниов редослед: 12 двособни станови и 12 трособни станови.

           Градбата е проектирана на таков начин што во текот на градежните работи и во текот на употребата нема да дојде до нарушување на механичката отпорност, стабилност и сеизмичката заштита на постојниот објект. Градежно-констуктивниот проект е во склад со сите нормативи и стандарди од таа област, водејќи сметка и за сеизмичкото подрачје во кое се наоѓа објетот и тоа со интензитет на земјотрес од 8 степени спрема Меркалиева скала.

ПРЕВЗЕМИ ПЛАНСКИ КАТАЛОГ (PDF)